Луис изјави дека младиот Били Монгер му бил вистинска инспирација оваа сезона во која стигна до својата 5та шампионска титула.

Петкратниот првак имаше одлична сезона со 11 победи и на две трки пред крајот на првенството ја освои титулата пред Себастијан Фетел од Ферари.

Тој се потруди да објасни зошто се соблекол на подиумот на Јаз Марина и појасни дека имал инспирација од Монгер кој ги загуби двете нозе на трка во Формула 4 серијата кога имаеше судар во 2017 година, но и покрај тоанапредуваше во Формула 3 шампионатот.

Од секогаш сакав да ја покажам тетоважата Still I Risе (сеуште растам). Тоа беше перфектниот момент бидејќи таква беше годината. Ги охрабрувам сите кои ја немаат прочитано песната да ја прочитаат. Тоа се однесува на сите кои имаат падови.

Видете го Били Монгер кој е моја инспирација. Мислам дека ќе му биде чудно во смисла дека тој сака да дојде во Формула 1. Тоа што тој го направи и тоа што многу луѓе поминуваат низ тешки времиња и се враќаат посилни е напишано во песната.

Се обидов да бидам поголем гласноговорник и да кажам. Тоа е тоа што се случи – објасни хамилтон.

Луис го подржуваше Били Монгер во периодот на опоравување и го канеше на трките во последните две сезони. Монгер имаше четири подиуми и заврши шести во британскиот Формула 3 шампионат, а наредната сезона цели на влез во ФИА Еврсопскиот Формула 3 шампионат.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.