Хамилтон: Мерцедес жртвува перформанси за издржливост

219

Луис Хамилтон смета дека Мерцедес ставаат приоритет на издржливоста пред перформансите споредено со ривалите кои се борат за титулата.

Актуелниот шампион има две последователни победи и предност од 17 поени пред Себастијан Ветел во возачкиот поредок. Иако стартуваше од пол позиција и имаше доминантна победа во Каталуња, тој смета дека Ферари се посветени на перформансите и речиси и да нема разлика меѓу квалификациите и трката.

Мерцедес доминира во В6 турбо хибридната ера со четири титули, а од крајот на минатата година перформансите се заменети со издржливост.

Во 2018 година е направено намалување на дозволените замени на мотори на три и два електронски пакети. Ферари поради проблеми со издржливоста кај Кими Раиконен се одлучија за замена на моторот додека Рено и Хонда исто така имаа проблеми.

Хамилтон смета дека промената на фокусот е витална за амбициите за Мерцедес и нивната броба за титула.

Од тоа што знам е дека тие на квалификации се пред нас и исто во трка, што е штета за нас. Времето ќе покаже дека издржливоста е на исто ниво. Треба да работиме повеќе. Тоа што изгубивме перформанси поради издржливост е добро но другите добија перформанси и до каде ќе оди тоа. Можеби треба да жртвуваме и ние – смета Хамилтон.

Оваа сезона Мерцедес има само едно откажување поради проблем со мотор и тоа кај Форс Индија и Естебан Окон и тоа поради протекување на масло но сепак тоа нема да бара промена на мотор.


Хамилтон: Мерцедес жртвува перформанси за издржливост

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>