Хамилтон: Мене би ме казниле да бранев како Фетел

517
   

Луис Хамилтон изјави дека не ја разбира неконзистентноста на одлкуите на стјуардите, а во врска со начинот на бранење на позицијата на некои возачи. Тој алудира на потегот на Себастијан Фетел од Русија, кога британецот смета дека неговиот конкурент за титула направил два недозволени маневри за да ја одбрани својата позиција.

Иако Себ се одбрани на втората кривина, маневарот му го загуби ритамот, и веќе на следниот правец беше минат од возачот на Мерцедес. Луис веднаш се пожали преку тимското радио дека возачот на Ферари направил два недозволени дефанзивни маневри, стјуардите го истражуваа инцидентот, но не дадоа никаква казна.

Истите правила не се однесуваат секогаш на исти работи. Што се однесува до мене, кога јас возам на правец, не ми е дозволено два пати да ја бранам својата позиција, но има возачи на кои тоа им е дозволено. Некој прави по два маневри и минува без казна, а јас бев изненаден кога ја гледав снимката затоа што дефинитивно не беше согласно правилата.

Но, кога се трката со над 320 кмч работите се случуваат многу брзо. Мислев дека ќе се судриме. Во тој момент помислив дека ќе се лансирам во воздух и нема да ја завршам трката.

Бев изненаден што се извлеков и што успеав да го задржам болидот на едно место и во еден дел, но веќе на следниот свиок имаше фантастично тркање помеѓу нас – изјави Хамилтон од Јапонија.

Британецот негира дека гневот од возењето на Фетел го “напалило“ и го натерало да даде се од себе за да мине, при што веднаш исчезнала неговата фрустрација поради загубеното место во однос на својот најголем конкурент за титула.

Искрено не држам никаков гнев во болидот. Кога излегов на 3то место бев лут затоа што направив се како што треба, ништо не погрешив, но поради стратегијата загубив позиција. Тоа ме мотивираше да се вратам во битка и да минам затоа што на тоа место знаев дека Себастијан ќе надомести неколку поени во однос на мене.


Хамилтон: Мене би ме казниле да бранев како Фетел

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>