Луис Хамилтон изјави дека има домашна задача откако ја загуби победата од Валтери Ботас на трката во Австралија, иако стартуваше од пол позиција, која ја загуби во пресрет на првата кривина.

Хамилтон беше фаворит откако доминираше на сите сесии и стартуваше од пол позицијата, но поради лошиот старт Ботас дојде до првото место. Финецот заврши со предност од 21 секунда, а Хамилтон мораше да се брани од Макс Верстапен кој брзо напредуваше, но недоволно за да нападне.

Ова е одличен викенд за тимот и сите сме среќни со возењето на Валтери кој ја заслужи победата. Имавме добар старт и добивме повеќе од што се надевавме.

Го покрив Макс зад мене, но имам неколку идеи за подобрување на темпото кои ќе ги споделам со инженерите.

Сега останува да работиме напорно и да се подобриме. Ова беше одличен викенд, но има многу работа. Немав проблеми но сепак не беше перфектно – опиша луис.


РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.