Хамилтон измачен од тешкотијата на В09

471

Луис Хамилтон продолжува да се мачи да го извади максимумот од В09 болидот на Мерцедес и смета дека истиот е потежок од ланскиот В08 кој го доби епитетот на “дива“. Актуелниот првак конечно стигна до победа на 4от тркачки викенд сезонава што беше и прв триумф за “сребрените“ во 2018 година, но трката изобилуваше со инциденти, две Безбедносни возило и пукната гума на Ботас додека водеше на 3 кругови пред крајот.

По доминантните квалификации и добрата прва трка во Австралија, Мерцедес очигледно заостануваат во перформансите во однос на Ферари, додека В09 е неконстантен, а како главен проблем е неможноста да го извади максимумот од Пирели гумите.

Мораме да го рафинираме пакетот и да го направиме полесен за возење. Дефинитивно не е лесен за возење како кон крајот на минатата година, така што работиме на тоа со полна пареа.

И покрај победата и враќањето на чело на поредокот знаеме дека имаме многу работа пред нас затоа што заостануваме. Свесни сме дека различните услови и настани на трката многу придонесоа во тоа да победиме.

Кими за малку ќе освоеше пол позиција со две десетинки пред Ветел така што нивната брзина е далеку пред нашата. Во трка сигурен сум дека Себастијан менаџираше со ритамот затоа што знам дека и во тој дел се пред нас.

Дефинитивно сме во борбата на врвот, не дека имаме ужасен болид, но треба да работиме – заврши Луис.


Хамилтон измачен од тешкотијата на В09

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>