Хамилтон за Раиконен: Ферари ќе загубат многу важен возач

506
   

Луис Хамилтон е зачуден од одлуката на Ферари да се раздели од Кими Раиконен. Финецот и шампион од 2007 година, ќе ја продолжи својата кариера во Заубер наредните две години, но Хамилтон смета дека Ферари прават грешка што се разделуваат од него.

Во интервју за швајцарскиот весник Blick, Хамилтон беше запрашан дали заминувањето на Раиконен од Ферари би можело да му помогне на британецот во неговиот поход кон петта титула годинава.

Не сметам дека Кими ќе се промени во последните неколку трки. Тој е неверојатен професионалец и фантастичен возач. Тој останува како еден од моите најомилени возачи и убеден сум дека Ферари ќе загубат многу важен возач.

За мене, тоа не прави никаква смисла – признава Хамилтон.

Луис истакна дека доколку неговите шефови донесле одлука како Ферари, тој не би се срамел да му каже директно на Тото Волф што мисли.

Помеѓу нас постои доверба. Ако Тото дојдеше со луда идеја, дефинитивно ќе разговаравме. Би му рекол, Тото дали си сигурен? – додаде Луис.

Хамилтон исто така се надева дека Ред Бул ќе бидат силни наредната година по нивното преминување кон агрегати на Хонда.

Потребен ни е трет силен тим. Инаку, ќе биде досадно. Сакам повеќе возачи кои ќе можат да ги победам. Ред Бул имаат одличен болид веќе неколку години, но често се прашувам дали нивниот менаџмент секогаш носи правилни одлуки – заклучи Хамилтон.


Хамилтон за Раиконен: Ферари ќе загубат многу важен возач

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>