Хамилтон задоволен од доминантниот Петок

73
   

Луис Хамилтон е презадоволен од одработеното за време на првите две тренинг сесии за Големата награда на Јапонија. Возачот на Мерцедес беше најбрз на Т1 и Т2 со голема предност во однос на останатите, така што во еден момент преку тимското радио изјави “Патеката е неверојатна. Каков добар ден“.

Вакви патеки повеќе не се прават, Сузука е една од моите омилени автодроми, ако не и омилен и секогаш е кул да се вози овдека. Ми се допаѓа повеќе од било кога. Ако го погодите сетирањето на болидот возењето е најдобро, толку брзо и благодарен сум што ја имам оваа можност.

Цел ден се заблагодарувам затоа што ја имам работата што секогаш ја сакам. Секога година се враќам и се подобрувам во секоја област. Има 2-3 кривини на кои секогаш се “убивам“ да ги минам совршено, а овој пат веднаш го погодив. Беше подобро од било кога во тие неколку ркивини. Треба да останам во ритам и само да се подобрувам – најави актуелниот лидер во поредокот.

Луис го заврши денот со половина секунда предност во однос на својот колега Валтери Ботас, а 8 десетинки во однос на својот најблизок ривал за титула, Себастијан Ветел од Ферари.


Хамилтон задоволен од доминантниот Петок

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>