Луис Хамилтон изрази загриженост за образованието на младите возачи откако многу јуниори се концентрираат само на успех на тркачките патеки, занемарувајќи го училиштето.

многу млади деца кои с етркаат немаат никакво образование. родителите ги носат децата на училиште за да постигнат некаква цел, а ако тоа не се случи тие губат. јасно е дека освојување на титула е одлична работа, но без образование не можат ништо кога ќе заврши нивната кариера, дури и доколку стигнат до формула 1. има илјадници луѓе во формула 1 екипите, има многу можности во овие организации така што возачите по своите тркачки кариери сакаат да работат таму – го образоложи својот став петкратниот првак.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Инспирација за овие коментари тој добил од размислувањата за своите досгитнувања во моторспортот и наследството што го остава зад себе. Тој е свесен дека секогаш ќе биде запамтен како одличен тркач, но сака поголем успех од она што го прави на патеката.

ако сакам да бидам запамтен по нешто, тоа е на пример да изградам школо. сакам да охрабрам некои луѓе полесно да пребродат низ тешки ситуации во животот.

се надевам дека наскоро ќе се сретнам со жан тод и ќе зборуваме за образованието на младите возачи и позитивниот пример кој го даваме. не сакам само на празно да моабетиме, сакам позитивен развој на настаните во иднина, сакам да продолжам да возам и да ги охрабрувам децата.

ова е одличен спорт и одлична можност која создава темел за можност за мене да направам дури и позначајни работи. во спротивно моето време минато на земјата не значи ништо – филозофски заврши луис.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.