Хамилтон е зачуден што Ферари не користи тимски наредби

277
   

Луис Хамилтон е изненаден што Ферари сеуште отворено нема издадено тимска наредба. Откако на Хамилтон му беше подарена победата во Сочи кога Мерцедес му кажа на Ботас да се тргне и да го предаде водството, тој се чуди што неговиот ривал Ферари сеуште не постапил исто.

Имавме наредби само на една трка, а на сите други работевме како тим. Имаше некои трки кога Валтери не беше во топ 5, а Ферари беа и тие работеа заедно. Тие работат како тим во последните години.

Во клучните моменти на Монца тие не работеа. Дали е тоа изненадување? Да. Го правеле тоа во минатото и зошто тоа е променето. Но тоа не е мој проблем – смета Луис.

Иако Хамилтон смета дека тимските наредби му помогнале да дојде до титулата, тој признава дека тоа предизвикува проблеми во Формула 1.

Не мислам дека тоа ќе го промени мислењето. Треба да се прифати и да се оди напред, но знам дека има поделени мислења. Од една страна сум за тоа од друга не сум. Но тоа се случи и готово е. Работиме како тим и сме обединети околу целото искуство.

Ботас призна дека можно е да има уште тимски наредби за да се задржи Хамилтон на врвот.

Морам да го прифатам тоа. Сега ситуацијата е таква. Сега веќе е доцна да се борам за титулата. Јас сум тимски играч и сакам да помогнам. Не сакам ништо повеќе од победи, но тоа ќе биде моја крајна цел и се надевам дека ќе се случи.

Како тимски играч мора да соработувам. Ние имаме силен тим и сакаме да ги освоиме двете титули и затоа треба да работиме како тим. Мислам дека сеуште ми е дозволено да победувам, но во зависност од ситуацијата.

Искрено мислам дека Луис немаше проблем со гумите, но ако немаше притисок од Себастијан тимот немаше да го направи тоа. Јас возам најдобро што можам во викендот.


Хамилтон е зачуден што Ферари не користи тимски наредби

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>