Хамилтон: Едно сум со болидот

298

Луис Хамилтон победи на Шпанското Гранд При благодарение на синергијата помеѓу него и болидот. Четирикратниот првак со леснотија победи откако водеше во најголем дел од 66те кругови.

За разлика од Баку каде дојде до победата поради дупнатата гума на Ботас, овојпат ја “прегази“ конкуренцијата и доминираше.

Денеска бев едно со болидот, навистина ја почувствував синергијата која ја немав чувствувано годинава. Чувството било одлично.

Не можев да направам ништо без неверојатната екипа зад мене, момците направија фантастична работа и навистина сум горд на секој од нив.

Од овој момент понатаму ќе се обидеме да притискаме до крајот на сезоната. 1-2 за екипата и се надевам дека ќе продолжиме во ист стил – објасни Луис по крајот на трката.

Со победата, Хамилтон го зацврсти своето водство со 17 поени пред Ветел.


Хамилтон: Едно сум со болидот

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>