Хамилтон: Дождот беше благослов

510

Луис Хамилтон ги опиша условите на квалификациите во Хунгароринг како благослов за него откако освои пол позиција и утрешната трка ќе ја почне од најдобрата позиција. Во текот на сувите сесии Мерцедес беа зад Ферари и Ред Бул, но штом заврна, тие беа најбрзи.

Луис го имаше најдоброто време во К3, при крајот загуби од двајцата возачи на Ферари, но со нови сини гуми за дожд успеа д го подобри своето време и со повеќе од половина секунда пред “црвените“ да освои пол позиција.

Толку тешка сесија. На почетокот голем дел од патеката беше сув така што вистинската стратегија беше клучна, времето беше клучно и требаше се да се погоди. Минута порано или подоцна врнеше повеќе и беше многу тешко да се остане конкурентен.

Да се дојде до 1-2 и целосен прв ред во ситуација кога знаевме дека нема да бидеме во можност да се бориме за пол позиција затоа што Ферари беа пресилни на суво е одлично. Тоа што небото се отвори и ни даде можност за прв стартен ред е благослов за нас. И ние сме шокирани и изненадени, но и многу среќни и задоволни што сме на оваа позиција – појасни Хамилтон.

Сепак тој е свесен дека за Мерцедес ќе биде огромен предизвик утрешната трка доколку времето е топло како што беше на тренинг сесиите до квалификациите.

Оваа патека е вообичаено одлична за мене, но во последните неколку години тоа не е така. Дури и на суво викендов Валтери беше побрз од мене цело време, јас се мачев да го сетирам болидот и да го почувствувам гумите, иако на долгите серии беше малку подобро. Ферари беа пребрзи.

Позиционирањето е клучно на оваа патека која по мене е трета најтешка на календарот за претекнување и поради тоа мислам дека сме благословени со првиот стартен ред.

Оваа позиција значи блиска трка и ќе биде клучно да се изменаира добра прва серија поради температурата на асфалтот која многу влијае на гумите. Ќе биде интересно и возбудливо. Мораме да ги наведнеме главите, да работиме и да избегаме на конкурентите – смета Луис.


Хамилтон: Дождот беше благослов

29 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>