Луис Хамилтон доби посебна дозвола од ФИА да вози со бројот еден напишан на носот на неговиот болид викендов, како прослава за неговата 5та шампионска титула.

Иако Луис смееше да го користи тој број од почетокот на првенството како актуелен шампион, тој одбра да ја користи својата 44ка, број кој стана негов знак на распознавање. Но, штом В09 излезе од боксот во Абу Даби, сит еприметија дека бројот еден беше залепен на носот на болидот.

Портпаролот на тимот потврди дека Хамилтон побарал дозвола од ФИА за да го користи тој број на носот на болидот само на оваа трка, откако ја освои својата 5та титула, а и Мерцедес стигнаа исто така до својот 5ти наслов. Но, бројот 44 останува со големи бројки напишан на поклопецот од моторот на неговиот болид.

бројот на возачот треба да биде на место што е јасно видливо од предниот дел на болидот и на заштитната кацига на возачот.

исклучок од ова правило на алокација е за актуелнот првак кој може да го користи бројот еден.

бројот кој претходно го користел ќе му биде овозможен повторно, доколку не успее да ја одбрани титулата – се вели во спортскиот правилник.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.