Хамилтон: Гумите треба да бидат 3 нивоа помеки

184
   

Лидерот во генералниот пласман, Луис Хамилтон, сака снабдувачот на пневматици Пирели да обезбеди пневматици кои се 3 нивоа помеки за 2019 година со цел да се избегнат “смешните“ трки со едно влегување во бокс.

Пирели го зголеми изборот на гуми оваа година, со едно ниво помеки пневматици, а при тоа ја додаде и новата хиперсофт компонента. Но и покрај тоа, на 3 од досегашните 16 трки, победија возачи со едно влегување во бокс.

Пред Јапонското Гранд При во Сузука, Хамилтон изјави дека ќе лобира во Пирели да донесат уште помеки гуми во иднина. Тој исто така сака потенка површина, нешто што Пирели го направи за трките во Барселона, Силверстон и Пол Рикар.

Морам да вршам притисок над Пирели, бидејќи пневматиците се одлични тука, но сето ова со едно влегување во бокс е едноставно смешно. Наредната година мора да одат со 3 или 4 нивоа помеки пневматици. Променети ги за да имаме барем трки со две влегувања. Ќе биде поголем предизвик со помеки компоненти.

Потоа и потенка површина, за да имаме помалку пликови од топлината. Можеби ќе помогне при следење на другите болиди и ќе имаме повеќе тркање – изјави Хамилтон.

Хамилтон ги заврши петочните сесии во Сузука на врвот, а преку тимското радио пренесе дека го има најдобриот ден и дека возењето на болидот е фантастично.

Секој пат кога пристигнуваме тука, особено во последните неколку години, болидите се се побрзи и побрзи и тоа е неверојатно. Патеката, не прават веќе вакви патеки. Има многу малку простор за грешки, мал допир на тревата и ќе завршите во ѕид.

Маргините се мали, на лимитот и толку е брзо во сесијата. Ова е најверојатно една од моите најомилени патеки, ако не и најомилена.

На работ сум секаде. Искрено, полесно е кога ќе пристигнете во свиокот 13, потоа долгиот правец, па 130Р, од тој дел е полесно за нас.

Но првиот и вториот сектор се луди. Тоа е најдобро возење со луда железница што сум го почувствувал со Формула 1 болид. Обожавам да возам тука. Кога ќе влезете во болидот, тоа е најдобриот момент. Искрено е мнгоу забавно – додаде Хамилтон.


Хамилтон: Гумите треба да бидат 3 нивоа помеки

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>