Хамилтон: Го разбравме болидот и се подобривме

210
   

Актуелниот првак, Луис Хамилтон, изјави дека Мерцедес подобро го разбрале болидот и поради тоа тие имаат подобро темпо во последно време. “Сребрените“ победија на последните три трки, а брзината на трката која ја имаа во Сингапур и Русија ги остави назад нивните ривали од Ферари.

За британецот начинот на кој Мерцедес се подобриле во однос на Ферари е изненадување, но тоа не било поради новите делови во болидот.

Не очекувавме да сме толку брзи на последната трка. Болидот работеше одлично и тешко е да се каже дали ние сме се подобриле или тие се влошиле. Не би знаел.

Можеби подобро го разбравме болидот кога дојдовме тука. Имавме мала надградба на Спа и подоцна на Монца, но тоа беа мали надградби не големи чекори напред.

Перформансите на моторот се подобрени, ефикасноста и стабилноста се подобруваат. Добро е што болидот е најдобар во однос на целата година. Со нетрпение очекувам да возам на оваа патека и да бидам најбрз што можам во Сузука. Првиот сектор ќе биде луд.

Хамилтон изјави дека формата на последните 5 од 6 трки е нешто што сонувал.

Не можев да се надевам на подобри перформанси. Кога гледам назад, имав вистински соништа и сакав да се натпреварувам на ова ниво. За тоа живеам. Не секогаш го добивате тоа што целите. Благораден сум за трките и за тоа што се случи.


Хамилтон: Го разбравме болидот и се подобривме

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>