Хамилтон го предупреди Ветел

1401

Луис Хамилтон го предупреди Себастијан Ветел, неговиот најголем конкурент за титула дека тој нема намера да попушти под притисокот кој го носи борбата за шампионската титула. Луис победи во Германија откако сосема неочекувано Ветел излета и заврши во оградата на влажната Хокенхајмринг додека беше во водство со 10-тина секунди предност пред својот тимски колега.

Со притисокот на кој сме изложени, навистина работам напорно за да сум ментално и психички во одлична форма за да не попуштам под притисок. Не е лесно, но задоволне сум каде се наоѓам во моментов – најави Хамилтон пред стартот на тркачкиот викенд.

Трката во Германија целосно требаше да му припадне на Ветел, но сударот значеше дека не само што загуби победа, туку го загуби и лидерското место во шампионатот, а на второ место “падна“ и Ферари.

Хамилтон имаше проблеми н квалификациите во Хокенхајм поради проблем со хирдауликата, но во Будимпешта не очекува никакви маки.

Ова е тешка патека и секогаш е многу топло. Начинот на кој кривинтие се поставено одговара на нашиот пакет со кој располагаме, но сепак преферираме поотворена патека со поголеми брзина и кривини кои зависат во многу од потисната сила.

Ги имаме и Ред Бул кои се добри на вакви патеки каде моторот не е примарен. Ферари беа најбрзи тука лани, но можеби утре ќе го подесеме соодветн оболидот, ќе имаме добар ритам и ќе бидеме најбрзи.


Хамилтон го предупреди Ветел

19 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>