Петкратниот Формула 1 првак, Луис Хамилтон, ги предупреди Шарл Леклер и Пјер Гасли дека ништо не може да го замени неговото искусто во освојување титули во пресрет на 2019 година.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Двајцата возачи следната година добиваат многу конкурентни болиди. Гасли од Торо Росо ќе мине во Ред Бул, додека Леклер ќе го замени Кими Раиконен во Ферари.

Леклер ќе стане вториот најмлад возач во историјата на Скудерија, а италијанците се надеваат дека тој ќе му помогне на Фетел да го притисне посериозно Хамилтон и конечно да го симне од тронот.

Сепак, петкратниот првак смета дека тој и Себастијан имаат предност пред своите нови ривали.

Јас ја поздравувам конкуренцијата и гледам мал дел од себе во нив, нивната возраст и нивната глад. Сега за мене е поразлично затоа што овој пат јас сум поастариот возач, но чувствувам дека сеуште имам глад и жед и се што оди со тоа. Имам огромно искуство кое во мојата работа сигурен сум дека многу значи и не може да биде заменето со ништо. Се надевам дека следната година ќе го видите тоа – најави Луис.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.