Хамилтон во неверување

513

Луис Хамилтон се врати на победничките патеки со триумфот во Азербејџан, но има измешани чувства по победата.

Влегувам во последниот свиок и не ми се верува во каква поиција сум, многу, многу емотивен момент за мене. Претходните години овдека водев и правев се што требаште и што се бараше од мене, а потоа некои работи одеа против мене.

Утрово си реков “трета среќа“ и навистина беше така. Среќата дојде кај мене кога ми беше потребна, а се случија многу инциденти и Безбедносни возила.

Потоа тој мина со пофалби за тимот кој се вратил на побдничките патеки.

Момците направија искучителна работа со замената на гуми и стратегијата така што морам да им се заблагодарам.

Луис ја почна трката од 2ро место и таму беше се додека не влезе по нови гуми во 23от круг кгоа неговата позиција ја превзеде Валтери Ботас, кој по влегувањето на Ветел во бокс ја поведе трката. Но, финецот немаше среќа и му се дупна гума на 3 кругови пред крајот на трката со што буквално го частеше Хамилтон победа.

Валтери заврши исклучително добра работа денеска. По Безбедносното возило заслужи да победи на трката затоа што направи се што беше потребно. Размислував и си реков дека ќе се обидам да стигнам до него и дека ќе биде одлично 1-2 за екипата, но тогаш среќата се промени.

Имам измешани чувства, среќен сум за победата што конечно дојде, но сметам дека не возев како што треба за да победам. Но, не се откажував, притискав и немав чиста трка. Тоа ме боли и ми штети затоа што не дека не сум фокусиран и целосно посветен на тимот.

Исто така фантастична работа заврши и Себастијан, Ферари беа најбрзи денеска и цел викенд. Ние се мачевме и знаеме дека ни претстои тешка работа, но сепак стигнавме до победа и се надеваме дека и следната трка ќе биде така.

Јас никогаш не се откажувам, тоа е лекција која ја научив многу, многу одамна. Продолжувам да стискам, да напаѓам и да се борам – заврши Луис.


Хамилтон во неверување

9 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>