Хамилтон воодушевен од “магичната“ пол позиција

670

Луис Хамилтон се чувствува “тотално воодушевен“ по неверојатниот круг за пол позиција со кој ја “збриша“ конкуренцијата на квалификациите за Сингапурското Гранд При.

Според многумина, фаворит во квалификациите беше Ферари, но Хамилтон ги застана сите  на нозе со неверојатен круг од 1:35.015 кој беше недопирлив за останатите. Тој ги заврши квалификациите со 3 десетинки пред Макс Верстапен кој ќе стартува покрај него од првиот ред и дури 6 десетинки пред ривалот во првенството, Себастијан Ветел, кој мораше да се задоволи со пласман на третата стартна позиција.

Wow, wow! Ова беше тешка квалификациска сесија. Кругот беше магичен. Незнам како успеав, но се помина како што треба.

Огромно благодарам до целиот тим. Сите работат толку напорно за да добиеме мала предност. Во тој еден круг, јас успеав да извозам правилно.

Искрено, тотално сум воодушевен. Срцето ми работи како и тоа да се трка. Не мислам дека постоеше момент во кругот во кој имав проблеми. Се беше совршено, на лимитот. Се чувствувам како ова да е мојот најдобар круг – изјави Хамилтон.

За Хамилтон ова е седма пол позиција во 2018 година и негова 79та во кариерата. Неговиот шеф, Тото Волф, изјави дека способноста на Хамилтон да извози сензационални кругови се како “звездена прашина“.

Да, тоа е звездена прашина … Не можам да објаснам што се случи во тој круг. Тој е неверојатна индивидуа и неверојатен возач.

Ферари ја имаа формата тука во последните години, но најдовме начин да ги подесиме болидите, така што многу сум благодарен на сите момци назад во фабриката во Британија. Пневматиците не се пресудни, но тоа е дел кој подобро го разбираме по Спа и како да извлечеме предност од нив – вели Волф.


Хамилтон воодушевен од “магичната“ пол позиција

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>