Хамилтон возбуден за подобрувањата на болидот

358
   

Луис Хамилтон е возбуден за првото сериозно подобрување на Мерцедес оваа година кое тој ќе има можност да го проба за прв пат викендов во Австрија. 

Хамилтон го врати водството во генералниот пласман по трката во Франција и сега има предност од 14 поени пред Себастијан Ветел, кој успеа да стигне само до петто место по сударот со тимскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас.

Мерцедес има неколку подобрувања на својот болид за Австрија, вклучувајќи и нови странични отвори и ново задно крило, а Хамилтон се надева дека тоа ќе му овозможи доволно предност во перформанси во однос на Ферари и Ред Бул.

Не сум поминал многу време разговарајќи со момците околу подобрувањата, но слушнав дека ќе изгледаат поинаку. Знам дека работеа напорно на тоа.

Се надевам дека ќе биде значителна предност викендов и се надевам дека ќе ни помогне. Возбуден сум бидејќи додаваме нешто на болидот, а не сме го сториле тоа досега годинава. Ова е прво сериозно подобрување.

Одлично е кога ќе излезете на патеката, бидејќи веднаш ги чувствувате тие промени, во одредени свиоци. Одвај чекам на тоа во тренинг сесиите и ќе се обидам да откријам како функционираат  – изјави Хамилтон.

Новите делови на шасијата се последно подобрување по воведувањето на втората спецификација на агрегатот во Франција, што пак му помогна на Хамилтон да стигне до победа.

Со толку мала разлика меѓу водечките три екипи сезонава, Хамилтон истакна колку новите подобрување можат да бидат одлучувачки.

Трката во развој секогаш е блиска и мислам дека до сега, ние не сме имале многу подобрувања. Свесен сум дека момците работат се понапорно за да имаме квалитет наместо квантитет, така што одлично е да се видат нови делови викендов.

Знам колку напорно работат во фабриката за да ги имаме правилните елементи. Дефинитивно ќе ни помогне во битката со другите екипи – додаде Луис.


Хамилтон возбуден за подобрувањата на болидот

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>