Луис изјави дека дружењето и снимањето кратки видеа со Вил Смит комплетно го променило неговиот приод кон трката.

Смит беше гостин на Мерцедес и заедно со Хамилтон снимија неколку видеа пред трката каде Хамилтон беше врзан за столче и актерот излезе со свој тркачки костим и кацига.

Во врска со самата трка, шампионот ја контролираше од пол позиција и не беше многу загрижен за тоа како се припремал за трката.

Ова беше невообичаен викенд. Вчера снимавме нешто за ФИФА и Сони а ова утро снимавме со Вил. Вил е оригинален, Полн е со енергија. Тој ми е како постар брат и снимавме до 10 минути пред трката. Комплетно го променивме мојот период за релаксација, Но имав одличен старт и потоа беше речиси стандардно – објасни хамилтон.

Хамилтон победи по 11ти пат оваа сезона што е негов најдобар резултат во една сезона. Тој го задржа приматот и докажа дека не се задоволува со ништо помалку од перфекција.

Ние се стремиме за совршен резултат како тим. Изработевме одлично во текот на целата сезона и вистинска привилегија е да се работи со овие момци и да се мотивираат до крајот на сезоната. Задоволен сум со ваквиот резултат.

Себ возеше одлично во текот на трката и имаше добри кругови. на крајот беше тешко со ветерот но мислам дека беше исто за сите.

На крајот на невообичаениот викенд тој се соблече до половина на подиумот за да ја покаже својата тетоважа “Сеуште растам” .

Не излезе како што замислував, ама се обидов.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.