Хамилтон: Фетел ќе ме “набиеше“во ѕид

474
   

Иако Себастијан Ветел помина неказнет по дуелот кога ја бранеше својата позиција од Луис Хамилтон, британецот верува дека неговиот ривал направил недозволен потег и ќе го однесел право во ѕид.

Во борба за позиција, Ветел по менувањето на гуми успеа да дојде пред Хамилтон, но во тој момент двајцата конкуренти за титулата возеа еден до друг до лимит. Хамилтон нападна во пресрет на втората кривина, при што Ветел се одбрани. Но вториот напад на следниот правец беше успешен за Хамилтон кој си ја врати назад загубената позиција.

За моја среќа, тој отиде од внатрешната страна па се помести и на крајот ќе ме однесеше во ѕид. Мислам дека имаше двоен потег, но некој не го виде тоа. Јас останав на страна и успеав да го престасам во наредниот свиок. Прашање беше кој попрво ќе почне да сопира и тогаш го добив – објасни актуелниот шампион.

Лидерот во шампионатот преку тимското радио прашуваше за стратегијата на Мерцедес и како се најде во таква позиција.

Не требаше да бидеме во таа позиција. Навистина не разбирам како не успеавме со нашата стратегија.

И покрај тоа и благодарение на тимските наредби, Хамилтон дојде до победа. Ова е негова осма победа сезонава.

Среќен сум што сум тука во Русија. Времето беше фантастично, публиката одлична, тимот беше одличен и се надевам дека се горди на резултатот и тоа што го постигнавме со болидот.


Хамилтон: Фетел ќе ме “набиеше“во ѕид

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>