Хамилтон: Би го разбрал Алонсо ако сака да се повлече

278
   

Луис Хамилтон изјави дека би разбрал доколку Фернандо Алонсо реши да се пензионира и да се повлече бидејќи нешто не е како што треба во денешниот спорт.

Алонсо сеуште нема одлучено за својата иднина, некои велст дека следната сезона ќе продолжи во ИндиКар, други дека ќе остане со Мекларен, а како опција е и тркање само во ВЕЦ ендјуранс серијата.

Еден возач изјави дека би го разбрал Алонсо доколку реши да ја напушти Формула 1, а тоа е актуелниот шампион, Луис Хамилтон.

Британецот кој сеуште нема потпишано договор со Мерцедес за наредната година верува дека има многу погрешни работи во Формула 1 поради кои возачите го одбегнуваат.

Би разбрал ако се пензионира. Не мислам само на Фернандо. Не мислам дека спортот не е фер со Фернандо. Но мојата перципција за спортот е друго.

Дали мислам дека спортот не е во ред? Да. Имаме големи и мали тимови и тие се две секунди зад првите три и четвртиот. Ферари може да троши повеќе пари од Мерцедес, Ферари може да стави вето на одлуките. Не е се како што треба.

Се надевам дека ќе се направи нов Конкорд договор со кој ќе биде подобро за малите тимови и ќе имаме подобра платформа за млади возачи. Не е само за богатите возачи и не мислам само на Формула 1. Тоа е исто во сите дисциплини. Имате богати деца кои доаѓаат а има многу талентирани луѓе.


Хамилтон: Би го разбрал Алонсо ако сака да се повлече

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>