Луис Хамилтон откри дека бил целосно искрен со стјуардите на ФИА откако бил повикан да го објасни својот маневар на приодот за влез кон боксот во текот на Германското Гранд При. По крајот на состанокот, тој доби само опомена од страна на одговорните.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Тој ја пресече патеката преку тревата на делот каде што се влегува во боксот, се врати на тркачкиот асфалт во моменти кога во Мерцедес се одлучуваше дали да се влезе во бокс или не зад Безбедносното возило.

Стјуардите дадоа само опомена затоа што инцидентот се склучил зад Безбедносно возило и немало никаква опасност по останатите визачо.

Никој никогаш не сака да оди и да се гледа со стјуардите, тие ја имаат најтешката работа затоа што секој инцидент секогаш е различен. Тие ме прашаа што се случило и јас бев 100% искрен со нив затоа што ретко сум таму. Во минатото често имав состаноци со нив, но во последно време тоа е сведено на минимум.

Ги почитувам правилата и ја почитувам работата која што треба да ја завршат. Јас бев отворен и искрен, кажав како и што се случи. Тие ме сослучаа и увидоа колку е целата ситуација збунувачка – појасни актуелнио првак.

Стјуардите во своето соопштение открија дека возачот и тимот ја признале грешката и недоразбирањето дали да влезат во бокс по промена на гуми или да останат на патекаа. Победникот на трката призна дека не знаел што да прави особено откако Валтери Ботас кој во тој момент беше пред него, влезе по свежи гуми.

Тоа беше најзбунувачката “една и пол“ секунда. Искрено помислив дека ќе останам на патеката затоа што бев задоволен со гумите. Потоа видов како Валтери пред мене влегува во бокс и прашав дали се сигурни дека јас треба да останам.

Се упатив накај боксот и ми рекоа да останам и беше буквално “оди лево – не оди десно“. Забавив, минав низ тревата и бев претпазлив да не направам некаков инцидент.

Не знам дали го чувте радиото потоа, тоа беа најзбунувачкит емоменти од трката затоа што се момците се дереа преку радиото – откри Луис.


13 КОМЕНТАРИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.