Хамилтон бара промени во досадното Монако

284

Луис Хамилтон вели дека е време за Монако да размислува околу промени на патеката, откако неколкумина возачи ја нарекоа трката “досадна“.

Од гледна точка на возачите или гледачите нема сомнеж дека трката во Монако годинава беше една од најдосадните. Фернандо Алонсо од Мекларен истакна дека според него тоа била “најдосадната трка на сите времиња“, а Серхио Перез се согласи со оваа констатација.

Ако мене ми беше досадно, не можам да замислам како им било на гледачите дома – изјави мексиканецот.

Хамилтон исто така се сложува, но смета дека промените мора да се направат сега во Монте Карло.

Ако бев на мојата софа, сигурно ќе заспиев. Неверојатно е колку не возев агресивно. Не паметам дека сум возел поопуштено. На трката и е потребен поинаков формат.

Скоро разговарав со Принцот и споменав дека можеби треба да се направи патеката подолга. Во последните неколку години, има повеќе улици наоколу, така што можеби може да се подобри.

Можеби треба да се промени форматот на трката. Не знам. Монако е одлична патека, но можеби ни требаат две трки тука. Ова беа најдолгите 78 кругови од мојот живот! – изјави Хамилтон.

Тото Волф не се согласи целосно со својот возач.

Луис секогаш слободно го изразува своето мислење, но ова е Монако и без сериозни инциденти или безбедносно возило, секогаш ќе биде слично. И во фудбалот има добри и лоши натпревари – изјави Тото.


Хамилтон бара промени во досадното Монако

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>