Хамилтон бара поголема почит за Фетел

758
   

Луис Хамилтон смета дека неговиот најголем конкурент за овогодинешната титула, Себастијан Фетел, заслужува поголема почит за се она што го направил сезонава. Германецот беше нападнат од страна на медиумите по новата грешка, овој пат на трката во Јапонија, кога преоптимистички и нетрпеливо се обиде да го мине Верстапен, што резултираше со контакт и губење многу позиции.

Мислам дека медиумите треба да покажат поголем почит за Себастијан. Никој не може да замисли колку е тешка нашата работа на ова ниво, а тоа се однесува и за секој спортист кој е на врвот во својата дисциплина. Ние сме луѓе и се очекува да погрешиме, но начинот на кој минуваме преку грешките е тоа што е важно – напиша актуелниот првак ан својто Инстаграм профил.

По трката во Јапонија и тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, застана во одбрана на Фетел, сметајќи дека сударот со Верстапен бил тркачки инцидент.

Не мислам дека Себастијан погреши, тој напредуваше неколку позиции по стартот и во тој момент беше на силното 4то место. Како тркач секогаш сакате да одите на претекување штом видите простор за тоа. Тој се обиде, но обичен тркачки инцидент му ја деградраше позицијата.


Хамилтон бара поголема почит за Фетел

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>