Луис Хамилтон беше подготвен за непријателската средба со италијанските тифози кои му свиркаа негодувајќи додека даваше изјава по крајот на квалификациите. Хероите на Скудерија, Кими Раиконен и Себастијан Ветел беа громогласно поздравени, а потоа дојде редот на Луис кој беше иссвиркан.

Ова беше многу возбудлива квалификациска сесија. Ќеститки до Ферари, направија добра работа денеска. Ние извадивме се што можевме и се што имавме од болидот, се подобривме во текот на ноќта и среќен сум и задоволен од перформансите. Сите во еипата работат под пола пареа за да се направи разлика.

Очигледно е дека сме многу блиску со Ферари, но тие имаат предност цел викенд. Дадовме се од себе и не се предадовме.

Знаев дека можат да извлечат екстра на овие квалификаии, иако сметам дека и 2то место беше возможно за мене денеска. Загубив половина десетинка на последниот свиок денеска и тоа беше разликата помеѓу 2ро и 3то место. Дадвоем се што можеме и ќе видиме како ќе биде утре.

Мораме да се бориме на трката, ритамот на долгите серии на Ферари изгледаше посилен од нашиот така што сигурно дека нема да биде лесно. Се надевам дека стартот ќе ни даде некаква можност.

Добро е што Валтери е позади мене за да притисмене заедно од првиот момент. Морам да дознаам вечерва што треба да направам за да минам барем едно Ферари уште во првиот круг.

Неверојатно сме блиску како што гледате што е многу добро за спортот и одлично е да се видат фанови во толку голем број. Јасно е дека се фанови на Ферари, но сепак е одлично – изјави Хамилтон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.