Официјалната истрага на ФИА за сударот во првиот свиок на Големата награда на Белгија заврши со заклучок дека халото му го спасило животот на Шарл Леклер, откатко тој беше удрен во неговиот визир со крајот на предното ктило од болидот на Фернандо Алонсо.

По анализите на видео материјалот и податоците од болидите, во извештајот се заклучува дека халото играло клучна улога во спасувањето на животот на Леклер. Ова е прво објавување на доказите со кои се дава јасна индикација за тоа како се справува со судар.

Заштитата на кокпитот останала структурно недопрена и сеуште може да се користи по сударот со сила од 58 кило њутни, а екипата на  Заубер без проблеми го отстраниле халото по завршувањето на трката.

На слики од настанот се гледа како Леклер е удрен од мали делчиња од предното крило на Алонсо, додека болидот на шпанецот прелетува над кокпитот. Без хало овој инцидент би бил полош иако траекторијата на предното тркало немала да има контакт со главата на Леклер. Шефот за безбедност на ФИА Адам Бејкер го објаснуваше извештајот на ФИА.

Од податоците и видео материјалот, сигурни сме дека тркалото немало да го удри Леклер. Но, сепак, болидот на Алонсо бил блиску до главата на Леклер и делови од предното крило удриле во неговиот визир. Тешко е да се предвиди колку силно тие го удриле Леклер.

Анализата покажува дека двата болиди се удриле со брзина од 30 кмч и агол на удар од 90 степени. Сударот со халото ја скршил суспензијата на Алонсо и притоа гумата и фелната на предното десно тркало на Алонсо е недопрена, додека задната десна суспензија на Леклер е скршена од ицнидентот.

Ударот по халото бил со сила од 58 кило њутни што е 46% од пропишаните 125 килоњутни. Контактот за време на ударот е блиску до местото на мерната точка. Доколку тркалото имало контакт со кацигата на Леклер тогаш тој би можел да има сериозни повреди на главата и вратот.

Енергијата и силата на тркалото при ударот во халото е лимитирана од масата и брзината на тркалот. Доколку целата маса удрела на халото тогаш силата би била 30 килоњутни. Ваква енергија би имала разурнувачки последици по возачот. Халото не би било во можност да истрпи ваков удар и би се случила огромна деформација и кршење.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.