Доктор Хелму смета дека промените на правилата во однос на аеродинамиката на болидите за 2019 година се целосно безцелни.

Различно и поедноставно предно крило, различо задно крило, странични крила и ладење на сопирачките се измените кои треба да ги направат болидите полесно да се следат еден со друг и полесно да се претекнуваат. Но, Советникот на Ред Бул не е импресиониран со промените.

правилата се целосно безцелни, но не чинеа околу 15 милиони евра. што се однесува до потисната сила, веќе се вративме на нивото кое го имаме во моментов, така што не сметам дека новинтие ќе имаат некаков ефект на проблемот со следењето и претекнувањето.

кога се носат одлуки на тој начин, не треба воопшто да се размислува за некакво ограничување на буџетите и трошењето – изјави незадоволниот марко за Auto Motor und Sport.

Авсриецот се надева дека промената на моторот од Рено на Хонда за следната година ќе ги стави Ред Бул поблиску до Мерцедес и Ферари.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.