Двократниот Формула 1 шампион, Мика Хакинен, ќе се врати на тркањето со учество во 10 часа на Сузука подоцна оваа година.

Хакинен, кој ги освои Ф1 титулите во 1998 и 1999 година, не учествувал во официјални трки од 2011 година, кога учествуваше во Меѓународниот Куп во Зухаи.

50 годишниот Хакинен, ќе вози заедно со Катсуаки Кубота и Хироаки Ишиура во Мекларен 720С ГТ3, како дел од Меѓународната ГТ серија, која ќе се одржи од 23 до 25 Август.

Ја посетив Сузука за прв пат по 16 години во Март 2017 година и се запознав со многу јапонски фанови. Следната година го возев МП4/13 и уживав во патеката.

Оваа година, одлучив да се вратам на тркањето за прв пат по Зухаи во 2011 година и ја избрав Сузука како локација. Сузука е место каде ја освоив мојата прва титула во Формула 1 и каде имаме многу пријатели.

Многу сум благодарен на Катсу и Мобилитиленд за овој проект. Одвај чекам да ги видам јапонските фанови во Август.