Двократниот Формула 1 првак, Мика Хакинен, смета дека Ферари не смее да си дозволат нивните возачи да се борат еден против друг доколку сакаат да ја задржат шансата за титула сезонава. Кими беше побрз од Себ на квалификациите во Монца минатиот викенд и ја поведе трката, а германецот се загуби во борбата да не го пушти Хамилтон пред себе.

Според Мика, маката на Ферари започнала по квалификациите коа тимот немал добар план за трката.

Кими покажа одличлни перформанси, а Себастијан имаше лош резултат затоа што договорот на Ферари е да се даде предност на тој што има освоено пол позиција. Ако ова е точно, тогаш менаџментот направи погрешна стратегија, во Сабота вечер се водени погрешни разговори за тоа како да се одработи трката.

Тие навистина немаа потреба да се борат еден против друг на првата кривина, а штом Кими инстинктивно се бранеше, на што има право, тоа го фрла Себастијан целосно надвор од трката затоа што е нападнат од директниот ривал за титула – анализира Хакинен.

Како резултат на Италијанското Гранд При, Мика смета дека во Скудерија повеќе нема простор за никаква грешка до крајот на сезоната.

Остануваат уште седум трки до крајот на ова првенство, а Ферари не може да си дозволат битки помеѓу своите возачи, грешки на Себатијан или било какви грешки во однос на стратегијата.

Да се победат Луис, Валтери и Мередес на Ферари ќе им треба совршена работа секој викенд со надеж дека “сребрените“ ќе имаат проблеми.

Никој не може да рече дека Луис се наоѓа таму каде што е проади предноста на Мерцедес. Тој е таму затоа што неговиот тим врши подобра работа, а по мене тој води во првенстото поради три причини.

Првата е неговиот природен талент, особено кога се работи за возење по мокра патека што знаечи дека е во можност да ги вознемири Ферари на врнежливите викенди. Второ е дека се покажува одлично на трка и не греши како што тоа го прави Себастијан, особено на стартовите од трките. Трети, користи од фантастичното тимско партнерство со Валтери Ботас – заклучи Хакинен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.