Хакинен сака војна помеѓу “гумарите“

364
   

Поранешниот двократен Формула 1 шампион, Мика Хакинен, верува дека Формула 1 треба да се отвори кон повеќе производители на гуми за да донесе поголема конкуренција во спортот. Финецот ја освои својата прва титула за Мекларен со користење на Бриистон гумите кои тогаш беа подобри од Ферари кои користа Гудиар гуми.

Американците од Гудиар беа монопол по 1998 година, но од 2001 година војната се водеше помеѓу Мишелин и Бриџстон. Французите ја напуштија Формула 1 во 2006 година.

Лично сметам дека треба да има поголема конкуренција помеѓу производителите на гуми. Во моментов владее монопол, а треба да има и друг производител и да се води борба и помеѓу нив.

Кога разговарам со возачите разбирам дека гумтие стигнуваат до некој врв на перформансите, и ако продолжите и понатаму да притискате, тие прегреваат. Тоа не е критика на тоа што го работи Пирели, тоа е факт поради кој треба да има конкуренција.

Ако имаме само еден возач кој вози тоа е во ред, но тој не се трка со никој, немаме трка, немаме конкуренциј, а тоа не возбудува и тоа ни треба – смета Хакинен.

Финецот возеше во Формула 1 ера во која имаше голем број на тестови помеѓу Гранд При викендите, а денеска тимовите се ограничени на 8 денови пред сезоната, четири денови во текот на сезоната и два по крајот на сезоната во Абу Даби. Пред сезоната вообичаено тестираат тркачките возачи, а во сезоната се дава шанса и на младите возачи.

За младите возачи кои сакаат да станат дел од Формула 1 е многу тешко затоа што нема тест можности за нив. По мене треба повеќе тестирање за младите возачи за да се развијат и пронајдат себе. Овој спорт не остава можност за тренинг и поради тоа треба да се најде начин за младите да се подобрат.

Исто така тестирањето помага и во подобрување на техничката страна на болидите, моторите, шасиите и ако немате дозвола да тестирате сигурно компјутерот и симулациите не може да решат се. – смета Мика.


Хакинен сака војна помеѓу “гумарите“

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>