Хакинен: Леклер го носи Заубер на друго ниво

240
   

Двократниот Формула 1 првак, Мика Хакинен, смета дека способноста на Шарл Леклер да извлече максимум од болидот на Заубер кажува многу за младиот возач на Ферари. Финецот е последен во низата возачи, меѓу кои и Ветел и Хамилтон, кои се преполни со пофалби за 20-годишниот монтекарловец.

Дури 4 пати на последнтие 5 трки Шарл успева да го донесе Заубер до поени со константно возење, одлична брзина и знаење, а фактот дека сето тоа го покажува со болидот на Заубер го импресионирало Хакинен.

Брзината на Леклер се покажа во пониските категории, беше шампион во ГП3 и Формула 2 сериите во 2016 и 2017 година. Но, она што најмногу ги изненадува сите во Формула 1 способноста да го подигне Заубер на едно друго ниво што покажува дека знае како да извади максимум од пакетот со кој во моментов располага.

Исто така покажа дека знае како да освојува поени со финиши во топ 10 на 4 пати во последнтие 5 викенди. Тоа е нешто што врвните екипи бараат од своите возачи, константност комбинирана со брзина – напиша Хакинен во својата колумна.

Во врска со иднината на младиот возач, Мика не се сомнева каде ќе заврши тој на крајот од сезоанта.

Заубер е поддржан од алфа Ромео за следните три години, а како што сите знаеме, Алфа Ромео е дел од истата групација со Ферари. Во исто време тие користат и мотори на Ферари откако ја раскинаа договорената соработка со Хонда лани, така што поврзаноста со Ферари е јасна.


Хакинен: Леклер го носи Заубер на друго ниво

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>