Хакинен: “Класа“ возач немаше да погреши како Ветел

936

Двократниот шампион во Формула 1, Мика Хакинен, вели дека грешката на Себастијан Ветел покажува дека тој е под нивото на првокласен возач. Ветел излета и удри во заштитните бариери во Германија, додека водеше во трката, со што му ја предаде победата на Луис Хамилтон, како и водството во генералниот пласман.

Ветел нема победа на Хокенхајмринг, патека кадешто има израснато и можеби нема да добие нова шанса подолг период, земајќи во предвид дека патеката не е на календарот во наредните неколку години.

Иако Хакинен се согласува дека возење на мокра патека е голем предизвик, тој смета дека Ветел можел да заврши подобра работа.

Сите прават грешки, но грешката на Ветел во Германија беше голема. Не сум изненаден што се чувствува ужасно.

Ова беше негова шанса за победа во Хокенхајм за прв пат, пред домашна публика, но и шанса да ја зголеми предноста во генералниот пласман.

Да се биде првокласен возач, значи да се избегнуваат грешки, особено во тешки услови. Од друга страна, кога водите во трката често сте првиот кој ги искусува новите услови и секако сте побрзи од другите.

Зависи само од вас, можеби ќе имате совет или инструкции од тимот, но верувам дека може да се направи грешка кога и да се променат условите.

Не сожалувам со него, но во тешки услови лесно е да се направи грешка во тој свиок, каде излета Себастијан.

Мора да бидете внимателни при сопирањето и да ја испуштите сопирачката пред промена во закосеноста на свиокот. Кога Себастијан излета неможеше да стори ништо, сопирачките не го успорија, тој беше само патник.

Како ќе се врати во форма? Сигурен сум дека веќе е вратен.

Тој знае дека има брз болид, многу конкурентен пакет. Има способности, тимот е многу мотивиран и само треба да избегнат грешки и да стигнат до победа. Сигурен сум дека во Унгарија ќе биде подготвен за напад – изјави Мика.


Хакинен: “Класа“ возач немаше да погреши како Ветел

29 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>