Хакинен го провозе својот шампионски болид во Сузука

1165
   

Мика Хакинен повторно доби можност да го вози својот Мекларен МП4-13 болид со кој стана првак во 1998 година во Сузука, 20 години по освојувањето на титулата која ја потврди на истата патека. Финецот беше поканет како гостин во Јапонија на собирот на историски Формула 1 болиди како дел од прославата на 30то Јапонско Гранд При во Сузука.

Иако и по крајот на кариерата го има возено тој болид на демонстрации за тимот, ова беше прв пат да го вози болидот на тркачка патека и тоа на истата на која освои титула. Во Петок имаше само куса пробна серија, а во Сабота и Недела треба да вози уште, иако дождот може да ги промени плановите.

Можете да замислите како ми беше, особено на оваа патека. Автодромот е неверојатен, толку многу неверојатни спомени за мене, освојување на тиула овдека против Михаел Шумахер. Како да беше вчера, логично е бидејќи сеќавањата се толку силни – изјави двократниот фински првак.

Мика призна дека по толку многу години минати во Формула 1 болид, ова влегување било шок за него.

Г-силите се неверојатно тешки, не може да се споредат со обичен автомобил. Тоа што е неверојатно е брзината на болидите, толку се брзи што е невозможно се да размислите пред време. Неверојатни перформанси.

Инженерите од Мекларен кога го правеле овој болид за мене направил неверојатно добра работа – заврши Мика.

Запрашан дали некогаш замислувал дека на 50 години ќе вози болид, тој одговори дека никогаш не ни помислувал на таков предизвик.


Хакинен го провозе својот шампионски болид во Сузука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>