Хакинен го оправдува Себ: Мораше да се обиде

467
   

Двократниот Формула 1 првак, Мика Хакинен, му даде поддршка на германецот од Ферари, Себастијан Фетел во неговиот обид да го мине Макс Верстапен за време на Јапонското Гранд При, обид кој заврши неславно и тие се судрија.

Себастијан почна со претекнување од почетокот на трката, стартуваше од 8мо место, но по крајот на првиот круг беше 4ти. Мина многу болиди и во подоцнежниот дел од трката и со никој немаше проблеми освен со Верстапен.

Фетел влета од внатрешната страна на Спун откако виде дека Ред Бул-от ја полни својата батерија, но Макс не сакаше да остави место и дојде до судар. Многумина го критикуваа обидот на Фетел, но Хакинен застана во одбрана на возачот на Ферари со оглед на ситуацијата во која се наоѓа.

Мораше да се обиде, немаше друг избор, немаше алтернатив. Ако не се обидеше да мине Мерцедес ќе избегаа многу напред и потоа се беше залудно. Во ситуацијата во која се наоѓа мораше да проба било што, мораше и да ризикува. Јас целосно го разбирам Себ – изјави Хакинен за Auto Motor und Sport.


Хакинен го оправдува Себ: Мораше да се обиде

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>