Еден од најголемите ривали на Михаел Шумахер во неговата Формула 1 кариера, Мика Хакинен, го спореди Себастијан Ветел со легендарниот возач кој придонесе до непроценлива слава и смета дека прогнозирање на шампионот оваа година е невозможна мисија.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Хакинен, кој беше Формула 1 шампион во 1998 и 1999 година, гледа многу сличности помеѓу Шумахер:

Мислам дека возачкиот стил на Ветел е многу уникатен, но сличностите со Михаел се присутни. Тој секогаш сопира во иста точка, секогаш вози во иста линија, забрзува многу внимателно, контролира се.

Тоа е многу добар, чист и агресивен возачки стил. Дури и преку ивиците, тој секогаш го има има болидот под контрола – смета Хакинен.

Во однос на Луис Хамилтон, Хакинен го истакна следното:

Луис секогаш се обидува да направи нешто екстремно. Многу контролира, но го вози болидот повеќе од лимитот и ризикува многу повеќе. Не е невнимателно, тој носи свесни одлуки. Ако не излета од патеката, тој постигнува супериорно време. Може да превземате ризик, но не секогаш, ианку ќе излетате – додаде Мика.

Од тоа што го следи сезонава, истата го потсетува на деновите во Мекларен.

Внимававме многу на одржување на стабилност во задниот дел. “Нервозен“ заден дел е тежок за возачот, особено кога вози на лимитот. Ферари е во одлична позиција за титула, освен доколку не се случи нешто непредвидливо.

Формула 1 не била волку возбудлива долго време. Розберг против Хамилтон беше исто така возбудлива сезона, но беше намален бројот на фанови кога дуелот е само во една екипа. Сега е Мерцедес против Ферари, дополнето со млад талент како Верстапен, сега е возбудливо.

Не е возможно да се предвиди ова првенство. Хамилтон и Ветел се разликуваат толку многу. Интересно е да се види како нервите на Ветел се посилни понекогаш, а од друга страна Хамилтон превзема повеќе ризик – заклучи Хакинен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.