Американскиот Формула 1 тим, Хаас, ќе има засилени тестови во симулаторот на италијанска оваа година.

Од своето влегување во врвот на моторспортот, екипата го користеше симулаторот на Ферари во Маранело. Шефот на тимот, Гунтер , откри дека во минатото немале можност да го користат симулаторот во Маранело за време на тркачките викенди затоа што истиот без престан го користеле Ферари.

имаме пристап до симулаторот на Ферари, но за време на гренд при викендите тие без престан го користат истиот. сакаме во иднина да користиме симулатор и за време на викендите така што ќе почнеме да го користиме оној на далара – изјави гунтер стаинер за дански BT.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Италијанската компанија Далара ја прави шасијата на Хаас.

за градење на програма во симулатор треба време, но очекуваме тоа да го завршиме во пролетниот дел. Од 5та или 6та трка очекувам да работиме во симулаторот паралелно на гранд при трките.

Возач во симулатор на тимот е младиот Пиетро Фитипалди, 22-годишниот внук на поранешниот Формула 1 првак, Емерсон Фитипалди. Стаинер најави тестови со Фитипалди и на патеката оваа сезона.

за да се осигураме дека она што се случува на патеката е во корелација со она што го добиваме во симулаторот, тој ќе вози во првиот дел од денот за време на зимските тестови – најави гунтер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.