Хаас ја загубија жалбата поради дисквалификацијата на Роман Гросжан од Италијанското Гранд При во Септември. Американската екипа се жалеше во Меѓународниот суд на во Париз откако стјуардите во Монца го одземаа пласманот и поените на францускиот возач за користење на нелегален под на болидот.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

По сослушувањето во Париз вчера, ФИА потврди дека на сила останува оригиналната одлука. Американците се бранеа со фактот што немале доволно време во текот на летото да ја направат потребната модификација и поради тоа се требало да биде подготвено за Сингапур. По трката, жалба поднесе кои се засегнати поради тоа што се борат со Хаас за 4то место кај конструкторите.

Судот за жалби ја потврди одлуката на стјуардите дека Гросжан е дисквалификуван поради тоа што неговиот болид не бил во согласност со правилата.

јасно е дека сме разочарани што ја загубивме жалбата, но мораме да продолжиме на последнит едве трки од сезоната, да донесеме повеќе поени сезонава – кусо изјави гунтер , шефот на екипата.

Предноста на Рено останува на солидни 30 поени на две трки пред крајот на првенството откако французите имаат одлични перформанси на последнит едве трки.

техничките правила, особено оние кои се донесени од безбедносни причини пора да се почитуваат. задоволни сме со одлуката и сакам да се заблагодарам на судот на фиа за нивната работа – изјави Ник Честер, тхничкиот шеф на рено.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.