Американскиот тим на Хаас вложија протест против Форс Индија пред престојната Голема награда на Абу Даби, поради што официјални лица од двете екипи беа кај стјуардите уште в Четврток.

Детали сеуште не се откриени, но се шпекулира дека протестот е насочен против порнашената екипа на Форс Индија, но и против новиот Рејсинг Поинт Форс Индија, а во врска со влезот на новата екипа со ВЏМ11 болидот изграден од претходниот тим.

Формула 1 правилата велат дека секој болид мора да биде интелектуална сопственост со право за дизајн на истиот. Да потсетиме, Форс Индија влезе во псотапка на администрација во текот на летото, а откако екипата ја превзеде Конзорциум предводен од Лоренс Строл, екипата продолжи да се трка под името Рејсинг Поин Форс Индија со постоечкиот болид.

Хаас и Форс Индија не се ривали во конструкторскито поредок, американците се 5ти со 90 поени, а “розевите“ се на 7мо место со 48 поени откако им беаодземени сите бодови од првиот дел на сезоанта. Нивниот спорт почна со “преродбата“ на тимот на Форс Индија поради што американците сметаат дека не треба да ги добијат парите од наградниот фонд проади тоа што се работи за нова екипа.

Претходно, на почеток на сезоната, Форс Индија негодуваа на блиските врски и широката соработка на Хаас со Ферари.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.