Хаас со новиот под во Монца

54

Кевин Магнусен и Роман Гросжан ќе го користат најновиот под на Хаас за време на првите тренинг сесии по Монца. Ревидираниот дизајн на подот беше користен и во Петок во Спа, но Гросжан не бил задоволен од истиот и одбрал да се врати на старата верзија.

По трката, Гунтер Стаинер не беше сигурен дали подот донел подобрувањата, но откако биле анализирани податоците во фабриката, тој изрази задоволство.

Минатиот викенд двајцата имавме нов подобрен под на болидот и не бевме многу конкурентни во Петок така што јас решив да се вратам на стариот за да ја видам разликата и да можеме да направиме споредба на податоците, што и го направивме.

Момците беа во фабриката, анализираа и дискутираа со аеродинамичарите и видовме дека новиот пакет е д обар чекор во правилна насока и поради тоа ќе го користиме од првите сесии во Италија.

Подот бара мало прилагодување на сетирањето кое Кевин го направи минатиот викенд и кое веќе го знаеме. Со новиот пакет треба да бидеме поконкурентни – појасни Гросжан.

Тимскиот шеф Гунтер Стаинер го потврди истото.

Јасно е дека пдоатоците биле подобри штом е донесено заклучок дека ќе се вози со новиот по и убедени сме дека тоа е вистинскиот чекор. Но, не можам да објаснам во детали затоа што го немам видено извешрајот и немам зборувано со моите инженери.


Хаас со новиот под во Монца

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>