Хаас со најдобри квалификации во Германија

144

Хаас го имаа најдобриот резултат на квалификациите во Германија каде тимот повторно се покажа како најдобар од останатите.

Кевин Магнусен ќе стартува од петта позиција додека Гросжан ќе стартува од шестата позиција и ќе го пополнат третиот стартен ред на утрешната трка што за нив е највисок заеднички завршеток во нивната историја.

Двојката беше помогната од Даниел Рикардо и Луис Хамилтон кои не успеаа да влезат во К3. Првиот поради грид казни а вториот поради проблеми со хидрауликата.

Магнусен призна дека извадиле максимум и се надеваат на чиста трка и повеќе поени.

Ова беше одличен круг. Не ги победивме Ред Бул, тие се далеку пред нас но сме најдобри од останатите и тоа е наша цел. Сега останува да видиме што ќе се случи утре кога предизикот е поголем.

На хартија Хокенхајм не изгледа толку прилагодливо на болидот на Хаас како Силверстон. Но перформансите кои ги прикажаа во квалификациите го тераат Магнусен да верува дека болидот е подобрен во неколку области.

Сеуште мислам дека болидот е брз на правците, но малку слаби во бавните сектори. Патеката има неколку бавни свиоци и изгледаме добро во истите. Можеби сме ги поправиле слабите страни на болидот. Наша силна страна се брзите делови и во нив болидот навистина добро функционира.

Во трката се надевам дека ќе имаме добар старт за да ја оствариме нашата стратегија. Изгледа дека температурата ќе биде пониска. Среќни сме поради тоа.

Се надевам дека болидот ќе функционира добро и дека ќе освоиме значителни поени – вели Магнусен.


Хаас со најдобри квалификации во Германија

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>