Хаас се предомисли за наградата за Форс Индија

89
   

Бројот на тимовите кои беа против тоа Форс Индија да ја добие паричната награда од Формула 1 на крајот на сезоната се намалува и случајот најверојатно ќе биде решен овој викенд во Јапонија, откако Хаас се најде на листата на закажани разговори со шефовите на Формула 1.

Американците беа против тоа Форс Индија да добие награда бидејќи сметаат дека како нова екипа мора да чека по две години пред да ги добие парите. Хаас чекаа до оваа сезона за да добијат дел од профитот на спортот и затоа беа против привилегираниот статус кој го доби Форс Индија.

Чејс Кери во Белгија се состана со челниците на Хаас за да разговара за оваа ситуација и да дојдат за договор, а во пресрет на трката во Јапонија, Гунтер Стаинер изјави дека разговорите продолжуваат.

Има прогрес, но не можам да ви кажам до каде сме. Ќе разговараме и овој викенд и ќе видиме до каде сме. Но не можам повеќе да ви кажам. Имаме добиено некои нови информации – најави Гунтер.

Стаинер минатиот месец изјави дека Хаас не се единствени кои се против тоа Форс Индија да добие пари.

Зошто да не? Другите тимови се доволно долго и немале проблем со двете години чекање и немаат искуство. Не знаат како е да си оставен сам на себе и наеднаш доаѓа некој тим кој без проблем доаѓа до парите без да чека.


Хаас се предомисли за наградата за Форс Индија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>