Хаас се изненадени од напредокот на Форс Индија

86
   

Возачите на Хаас, Роман Гросжан и Кевин Магнусен се полни со пофалби за изненадувачкиот напредок кој го имаат болидите на Форс Индија ов последно време. Промените на розевиот боид во Сингапур му помогна на Естебан Окон да стигне до поени, додека на денешните сесии беше најдобар од останатите.

Форс Индија ме изненади, брзи се во последно време по тешкиот период од почетокот на годината, се подобрија на сите фронтови откако имаа промени во сопственоста – објасни Гросжан.

Јасно е, нели: Направија голем чекор и вршат одлична работа со напредокот и ќе видиме што ќе биде до крајот на сезоната. Не мислам дека ние многу заостануваме, но сепак сме зад нив и ќе се обидеме да се подобриме за утре и за неделната трка – дополни Кевин МАгнусен.

Гросжан беше запрашан да одговори на сугестиите на Серхио Перез дека Форс Индија има најдобар болид на средината од гридот.

Ќе биде одлично ако можеме да ги победиме. Не знам, брзи се цело време, особено на правците, некои патеки како Спа, Монца и Русија им одговараат повеќе. Искрено прават одлична работа со болидот и ќе видиме што ќе се случи.


Хаас се изненадени од напредокот на Форс Индија

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>