Хаас се жали за дисквалификацијата

166

Американскиот тим Хаас во Четвртокот поднесе официјална жалба до ФИА за дисквалификацијаа на болидот на Роман Гросжан од Големата награда на Италиа. Иако на тимовите им се потребни три дена за да се пожалат на Хаас им требаше повеќе време.

Гросжан ги загуби поените од 6то место на Монца, по пријавата од Рено за дизајнот на подот на неговиот болид. По истрагата беше откриено дека болидот на французинот не ги исполнувал стандардите во делот на предните агли кои требало да имаат радиус од 50мм. Болидот на Хаас е надграден со овој под од Канада но не ги исполнувал изменетите правила од ФИА кои стапиле на сила во месец Јули.

Тимот е свесен за дизајнот и побара време од ФИА да го поправи тоа, но поради летната пауза не беа во можност да ја завршат работата. Гунтер Стаинер изјави дека одлуката за дисквалификација е погрешна.

Не се согласуваме со одлуката и затоа ќе се жалиме, а тоа го напишавме и го поднесовме до ФИА – откри италијанецот.

Наредната недела Хаас треба да добие одговор по судското сослушување во Париз.


Booking.com

Хаас се жали за дисквалификацијата

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>