Екипата на Хаас сеуште чека на компензацијата која требаше да ја добијат од организаторите на Големата награда на Малезија поради тоа што една шахта за одвод на вода од асфалтот ја дупна гумата на Роман Гросжан и предизвика голема штета на болидот кој заврши во ограда. Тоа се случи на 13от свиок во текот на еден летечки круг на французинот.

Запрашан дали го решиле проблемот со организацијата, Гунтер Стаинер откри дека тоа сеуште е во тек.

Сеуште работиме на тоа. Тие прават напредок, но сеуште не ссме завршиле со случајот. Еден од одговорните е на одмор поради тоа што сега е таков периодот. Но, во тек е, се се откажуваме туку преговараме за сумата.

Се работи за осигурување и поради тоа не знам колку време ќе биде потребно да се реши, но мораме да го решиме спорот годинава затоа што треба да го оставиме тоа зад нас – појасни Стаинер.

Судрот предизвика притисока од 17Г врз Роман Гросжан и неговиот болид, а поправките на ВФ17 лани чинеле 500 илјади фунти.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.