Од екипата на Хаас велат дека немаат ништо против да бидат единствената екипа која ќе го блокира доделувањето на целосната сума од наградниот фонд за Форс Индија.

Новата Форс Индија и Ф1 шефовите се обидуваат да добијат едногласна подршка за екипата од Силверстон да добие дополнителна сума од наградниот фонд веднаш, нешто за што новите екипи требаше да чекаат две години.

Хаас одбија да подржат таква идеја сред фрустрации околу тоа зошто тие мораа да се тркаат без тој награден фонд во 2016 и 2017 година.

Иако во минатото имало моменти кога тимовите избегнувале да бидат единствени кои се против одредена зделка за ривалите, од Хаас велат дека нема да се откажат од својот став, дури и доколку другите се согласат.

Да, би рекол дека сме подготвени да бидеме сами. Зошто не би го сториле тоа? Ниту една од другите екипи, кои се во спортот толку долго, не морале да поминат низ две години без награден фонд, така што го немале тоа искуство.

Тие незнаат како е да бидете изолирани, ниту као се чувствувате доколку некој друг добие лиценца, а во исто време и награден фонд – изјави Стаинер.

Како што стојат работите, сепак Хаас не е единствената екипа кој го споделува истото мислење. Директорот на Мекларен, Зак Браун, истакна дека сака дополнително појаснување на ситуацијата.

Разговарав со Формула 1 велејќи дека треба да појаснат како ќе се одвива сето тоа, бидејќи јас колку што разбирам, за нова екипа не е возможно да ги добијат тие средства.

Така што побарав појаснување и ми беше кажано дека треба да почекаме и да видиме како ќе се одвиваат работите – изјави Браун.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.