Хаас: Репутацијата на возачите влијае над Ф1 стјуардите

28

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, верува дека Формула 1 стјуардите се под влијание на претходната репутација и успех на возачите и тимовите со кои се соочуваат, иако се обидуваат да бидат објективни.

Роман Гросжан беше блокиран од Макс Верстапен за време на квалификациите во Унгарија, но Верстапен помина без казна, бидејќи стјуардите одлучија дека временските услови, надополнето со уште еден бавен болид, се причината за инцидентот, а не дека холанѓанецот го блокирал возачот на Хаас.

Во квалификациите за Британското Гранд При, Луис Хамилтон избегна казна иако го блокираше Гросжан, а стјуардите одлуија дека тоа не го чинело Роман 3 десетинки од кругот кој тој тврдеше дека ги изгубил.

Возачите на Хаас имаа неколку средби со стјуардите од скоро. Кевин Магнусен беше казнет за возење кон Пјер Гасли во Азербејџан, а исто така беше и опоменат за блокирање на Шарл Леклер во Шпанија.

Гросжан беше казнет за сударот во првиот круг во Шпанија, како и за избуткување на Естебан Окон во Франција по стартот.

Стаинер вели дека не било фер да се казни “лесната цел“ Гросжан во Шпанија, а и во претходни наврати се сомнева во постојаноста на одлуките, откако Гросжан доби казна од 10 секунди поради инцидент со Окон во Бразил минатата сезона.

Лесно е нас да не кривите, така изгледа нели?

Понекогаш сами сме виновни за ситуацијата, ако не сме во некоја таква ситуација, нема да добиеме казна. Но кога треба да се донесе одлука, кој си (кој возач) влијае над истата. Треба да се донесува без разлика за кој возач станува збор.

Можеби е основано на име и репутација. Немам докази, неможам да го докажам тоа, но можеби тоа е случајот – вели Стаинер.

Директорот за трки, Чарли Вајтинг, признава дека е можно стјуардите да бидат под влијание на репутацијата на возачите, без да се свесни за тоа, иако тоа не би требало да има улога во нивните одлуки.

Ако возачот има 9 поени на нивната лиценца, тоа не треба да влијае над одлуката. Ако сметаат дека треба да му доделат 3 казнени поени за да отсуствува од трка, тоа не треба да биде земено во предвид, но дали е несвесно, не знам.

Во инцидентот помеѓу Роман и Макс, мислам дека Роман го направи тоа да изгледа полошо одколку што беше, бидејќи тој се откажа, наместо да нападне максимално.

Верстапен забрзуваше во тој момент и мислам дека Роман не беше во можност да го следи. За мене, не е ист случај тоа – вели Вајтинг.


Хаас: Репутацијата на возачите влијае над Ф1 стјуардите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>