Хаас приморани да отстранат делови

181

Проблемите на Хаас во Монако немаат крај затоа што тимот морал да отстрани дел од страничните крила на шасијата поради тоа што истите се покажале многу кревки и кршливи преку страничните тротоари во Монте Карло.

Американската екипа ги имаше најлошите квалификации сезонава, Кевин Магнусен не мрдна од К1, додека Роман Гросжан беше најбавен во К2, ќе стартува од 15то место, но има и казна од претходната трка.

Се чини дека проблемот со перформанси и брзина кој Магнусен се обиде да го предочи по квалификациите во голема мера е предизикан од недостатокот на страничните крила.

Тоа е проблем кој се обидуваме да го отстраниме веќе 6 трки, на некои места успеавме, но овдека не. Мораме да најдеме соодветни мерки и да работиме проактивно наместо да чекаме крилата да ни паѓаат – објасни Гунтер Стаинер, тимскиот шеф на Хаас.


Booking.com

Хаас приморани да отстранат делови

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>