Формула 1 тимот на е прв кој го покажа својот болид за 2019 година, воедно откривајќи ја новата црно-златна комбинаиција на бои поради новиот главен спонзор, Рич Енерџи.

Официјалното име на тимот е Рич Енерџи Хаас Ф1 од оваа сезона. Промоцијата се случи во Лондон, но во новата шема на бои беше офарбан ланскиот ВФ18 болид, а во исто време преку Интернет беа објавени слики од новиот ВФ19 за годинава. Првите три болиди беа во бело-сиво-црвена комбинација, односно боите на Хаас, компанијата сопственик на екипата.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Логото на Рич Енерџи е видливо на предното крило, носот и поклопецот на моторот, додека логото на Хаас ќе биде присутно во страничнит еделови и задното крило.

На сликите е видливо поедноставено предно крило со само 5 елементи, но пошироко за 200 милиметри и повисоко за 20 милиметри, додека задното крило е за 20 милиметри повисоко и 100 милиметри почироко, со што е многу повоочливо од лани. Физичката верзија на новиот болид за прв пат ќе биде видена на првиот тест во Барселона.

во ова време од сезоната се надевате дека сте го погодиле дизајнот и дека ќе бидете конкурентни од самиот почеток. болидот се разликува од претходните, но не само по боите, туку и по промените согласно новите правила. се надевам дека аеродианмичките промени од оваа година ќе го подобрат тркањето и ќе ни дадат шанса да дојдеме до подобри резултати – објасни џин хаас, соптвеник на тимот.

Минатата година американците го имаа својот најдобар резултат во кусата историја завршувајќи на 5то место во поредокот, иако пропуштија можности да бидат уште подобри.

важно е како екипа да продолжиме да напредуваме, а сезонава не е исклучок. 2018 година бевме најдобри до сега и покажа дека сеуште има области во кои треба да се подобриме – дополни гунтер стаинер, шефот на екипата.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.