Хаас се отворени да му доверат свој болид на тест на Пиетро Фитипалди на крајот од оваа година. Пиетро е внук на двократниот Формула 1 првак Емерсон Фитипалди и се трка во Индикар, откако во Мај имаше страшна несреќа во ЛМП1 категоријата во ВЕЦ на Спа.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Гунтер Стаинер, шефот на Хаас, изјави дека би сакале да ги продолжат преговорите со Фитипалди штом тој целосно оздраве.

Потребно е тој повторно да се чувствува удобно и убаво додека се трка. Не сум зборувал со него по Индикар трката, но медиумите пренесоа дека се минало одлично. Ќе се сретнам со него кога ќе се вратам со Северна Каролина и ќе видиме што можеме да направиме за крајот на годината.

Разговаравме за можноста да тестира за нас, но поради несреќеата прекинавме со преговорите. Сега, штом повторно влезе во форма, ќе видиме што мисли за тоа.

Во текот на Индикар трката, Пиетро откри дека почувствувал некаква болка во ногата така што треба да се почека на следните две трки на почетокот на Септември за да се има целосна информација околу неговата состојба и неговата улога во Хаас во 2019 гдина.

Доколку постои можност за целосен ангажман во Формула 1 или Индикар, сигурно ќе го правам тоа. Формула Е исто така е интересна, но Формула 2 не е некаде каде сакам да се тркам иако добијам можност.

Резервно место во Формула 1 би било во ред, но паралелно со тркањето некаде. Тоа е моја цел, но можноста да бидам резервен возач на Хаас сеуште ја немам добиено. Во контакт сум со Гунтер, можеби постои некаква можност за тест кон крајот на годианта, но дотогоаш сум псоветен на Индикар – изјави Фитипалди.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.